Британскиот разурнувач „HMS Dragon“ се префрла кон Блискиот Исток поради зголемени тензии околу Ормутскиот теснец

Британскиот разурнувач „HMS Dragon“ се префрла кон Блискиот Исток поради зголемени тензии околу Ормутскиот теснец

пред 3 дена

Британскиот воен брод „HMS Dragon“ се префрла од источниот Медитеран кон Блискиот Исток, во услови на зголемена загриженост за безбедноста на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Од британското Министерство за одбрана соопштија дека ова распоредување ќе овозможи бродот веднаш да се вклучи во евентуална заедничка меѓународна мисија за заштита на слободата на пловидбата низ една од најважните светски поморски рути.

Во соопштението се нагласува дека секоја идна операција би имала исклучиво одбранбен карактер и цел да ја зголеми сигурноста на трговските бродови кои минуваат низ регионот.

Во март, истиот разурнувач беше ангажиран во источниот Медитеран за заштита на британските воздухопловни бази на Кипар, по напад со дрон врз базата RAF Akrotiri.

Текстот Британскиот разурнувач „HMS Dragon“ се префрла кон Блискиот Исток поради зголемени тензии околу Ормутскиот теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top