ЈКП „Комуналец“ Прилеп со засилени екипи продолжува со уредување на зелените површини во градот

ЈКП „Комуналец“ Прилеп со засилени екипи продолжува со уредување на зелените површини во градот

пред 10 часа

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во делот на Градска Река, а од утре започнува и второто косење на Новите градски гробишта со дополнително ангажирана екипа косачи.

Од претпријатието посочуваат дека изминатиот период врнежливото време и загубените работни часови значително влијаеле врз динамиката на теренските активности, а дополнителен предизвик претставува и забрзаната вегетација поради временските услови.

Сепак, од ЈКП „Комуналец“ уверуваат дека Градските гробишта ќе бидат целосно искосени и уредени во наредниот период.

Претпријатието продолжува со активности за одржување на јавните зелени површини и уредување на повеќе локации низ Прилеп.

Share
Scroll to Top