Министерство за култура: Исплатени се средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година

Министерство за култура: Исплатени се средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година

пред 5 часа

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки.

Доцнењето, како што појаснуваат настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи.

„Министерството за култура и туризам останува посветено на навремено и континуирано исполнување на обврските кон самостојните уметници, како и на унапредување на системските решенија за надминување на вакви ситуации во иднина“.

Текстот Министерство за култура: Исплатени се средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top