Љубовен хаос по разводот: Швајнштајгер останал и без Силва, а Ана Ивановиќ наводно има нов дечко

Љубовен хаос по разводот: Швајнштајгер останал и без Силва, а Ана Ивановиќ наводно има нов дечко

пред 1 час

Нови детали од љубовниот живот на поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер повторно го привлекоа вниманието на регионалните медиуми. Откако неодамна се појавија информации дека Ана наводно има нов партнер, српските медиуми сега пишуваат дека и врската меѓу Швајнштајгер и Бугарката Силва, за која се тврдеше дека била причина за разводот, завршила.

Според пишувањата на „Курир“, повикувајќи се на доброупатен извор, Бастијан и Силва ставиле крај на врската пред околу два месеца поради честите несогласувања и различниот начин на живот.

Во меѓувреме, се шпекулира дека Ана Ивановиќ веќе некое време е блиска со мистериозен маж, кој наводно го посетува во нејзината луксузна вила на Палма де Мајорка, каде што таа живее со децата.

Ана подолг период живее во Шпанија, а нејзините деца посетуваат училиште на Мајорка. Интересно е што, според медиумите, и децата на Силва оделе во истото училиште, па постоела можност таа и Ана повремено да се среќаваат.

По разводот со Ана, Швајнштајгер не ја криеше врската со Силва. Двајцата неколкупати беа фотографирани заедно на плажа, а медиумите тогаш објавуваа дека токму Бугарката била причината за крајот на неговиот брак со поранешната тениска ѕвезда.

Но, според изворот на „Курир“, врската со Силва со текот на времето станала проблематична.

„Бастијан веќе не е со Силва. Иако таа врска го чинеше брак со Ана, тој постојано се обидуваше да ѝ удоволи и да ги исполни сите нејзини желби. Но, пред два месеца сè заврши“, тврди изворот.

Како главна причина за разделбата се наведува тоа што поранешниот германски репрезентативец голем дел од времето го поминувал во Минхен и на патувања, додека Силва сакала постојано да биде на Мајорка, каде што живеела со своите деца.

Наводно, Швајнштајгер ѝ предложил да се пресели во Германија, но таа одбила бидејќи не сакала да ги менува условите за живот и школувањето на децата.

„Расправиите станаа сè почести и пожестоки. Кога сфати дека тој нема да се пресели и да го промени својот начин на живот, таа решила да ја прекине врската“, наведува изворот.

Според истите информации, Швајнштајгер по раскинувањето ретко престојува на Мајорка и најголем дел од времето го поминува во Минхен, од каде што редовно објавува фотографии и активности на социјалните мрежи.

Иако ниту Ана Ивановиќ ниту Бастијан Швајнштајгер официјално не ги коментирале медиумските наводи за новите љубовни случувања, нивниот приватен живот и понатаму останува под будното око на јавноста и таблоидите.

Share
Scroll to Top