Николоски: Силната поддршка за Виница продолжува – нов пазар, улици, патишта и осветлување

Николоски: Силната поддршка за Виница продолжува – нов пазар, улици, патишта и осветлување

пред 2 часа

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер на Владата Александар Николоски информираше за повеќе инфраструктурни проекти што се реализираат во Виница и околните населени места, нагласувајќи дека Владата продолжува со силна поддршка за општините.

Николоски присуствувал на отворањето на новиот градски пазар во Виница, проект кој, како што посочи, бил долгогодишно ветување кон граѓаните.

Покрај отворањето на пазарот, тој наведе дека во тек е реконструкцијата на главната улица во селото Градец, како и реконструкција на локалниот пат од Блатец до Детлово.

Според него, завршена е реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“ во Виница, обновен е кровот на административната зграда на Општината, а реализирано е и ново осветлување во Градскиот парк и просторот пред градскиот стадион.

Николоски информираше дека се реконструираат улици и во селото Блатец, додека завршени се дел од улица 4 во Јакимово, како и улиците „Раде Кратовче“, „Кочо Рацин“, „Пролетерска“, „Ѓорче Петров“ и „Блок 18“.

Во рамки на проектите реализирани со поддршка од Светска банка, завршена е реконструкцијата на улицата „Страшо Пинџур“, изградена е улица во селото Црн Камен, а во тек е изградба на улица во Јакимово.

Дополнително, завршена е и промена на уличното осветлување во должина од околу 15 километри на повеќе улици во општината.

Николоски оцени дека реализираните проекти се доказ дека локалната власт предводена од Митко Костадиновски ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните.

Тој порача дека со поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски ќе продолжи реализацијата на нови инфраструктурни проекти и во наредниот период.

Share
Scroll to Top