Кремљ ги отфрли тврдењата на Зеленски за можен напад врз НАТО од Белорусија

Кремљ ги отфрли тврдењата на Зеленски за можен напад врз НАТО од Белорусија

пред 1 месец

Кремљ ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија размислува за напад врз некоја членка на НАТО од територијата на Белорусија. Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека ваквите тврдења се обид за дополнително зголемување на тензиите и дека не заслужуваат коментар.

Зеленски претходно изјави дека Русија се обидува да ја вклучи Белорусија подлабоко во војната и дека постојат планови за можен напад кон северна Украина или кон земји на НАТО од белоруска територија.

Белорусија граничи со Украина и со членки на НАТО како Полска, Литванија и Летонија.

Текстот Кремљ ги отфрли тврдењата на Зеленски за можен напад врз НАТО од Белорусија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top