Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информираше дека продолжуваат интензивните работни состаноци со ресорните министерства во рамки на подготовката на ребалансот на Буџетот за 2026 година.
Како што посочи, денеска биле одржани средби со претставници и тимови од Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за транспорт, Министерство за внатрешни работи и Министерство за економија.
На состаноците се разговарало за приоритетите, тековните проекти и финансиските потреби на секој ресор, со цел да се подготви ребаланс кој ќе обезбеди стабилност и поддршка за развојните политики.

„Нашата цел е преку внимателно планирање, координација и одговорен пристап да креираме ребаланс кој ќе обезбеди финансиска стабилност, поддршка на развојните политики и реализација на проекти што се важни за граѓаните и економијата“, порача Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека Владата продолжува со интензивна работа и конструктивен дијалог со институциите, со фокус на ефикасно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.






