Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница со единствена точка на дневниот ред – Јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет.
Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, пред почетокот на претставувањето на кандидатите информираше дека седум од вкупно десет пријавени кандидати ги исполнуваат законските услови предвидени во огласот.
На јавната расправа учествуваа пратениците – членови на Комисијата, како и претставници од Здружението на судии, Институтот за човекови права – Скопје и Адвокатската комора.
По завршувањето на расправата, Сајкоски истакна дека Комисијата ќе формира ранг-листа врз основа на личните компетенции на кандидатите, нивните одговори на поставените прашања за време на комисиската расправа, како и врз основа на нивниот личен и професионален интегритет.
Текстот Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа јавна расправа за кандидатите за член на Судскиот совет е превземен од МАКФАКС.





