Русија повторно го нападна Днепар во текот на ноќта со дронови на млазен погон. Во нападот е повредена 58-годишна жена, изјави гувернерот на областа Днепропетровск, Олександр Ханза.
„На лице место ѝ биле укажани лекарски помош и ќе продолжи да прима амбулантско лекување“, рече Ханза.
Оштетена зграда и скршени прозорци
Во нападот е оштетен стан на петтиот кат од петкатна зграда, а ударниот бран скршил прозорци и оштетил неколку околни згради.
Пред нападот, украинските воздухопловни сили предупредија дека руски беспилотни летала се приближуваат кон Днепар од север и исток.
Втор напад за помалку од 24 часа
Ова е втор руски напад врз Днепар за помалку од еден ден.
Во среда навечер, Русија нападна станбени згради и складиште за храна во градот. Две лица беа убиени, а шест беа повредени.
Текстот Русија нападна град во источна Украина двапати за помалку од 24 часа е превземен од МАКФАКС.





