(ВИДЕО) Кристијано Роналдо конечно шампион во Саудиска Арабија: Ал-Наср ја освои титулата со убедлив триумф во последното коло

(ВИДЕО) Кристијано Роналдо конечно шампион во Саудиска Арабија: Ал-Наср ја освои титулата со убедлив триумф во последното коло

пред 4 часа

Кристијано Роналдо конечно ја освои својата прва официјална шампионска титула во Саудиска Арабија, откако Ал-Наср во драматичното последно коло од Саудиската Про лига славеше со убедливи 4:1 против Дамак и официјално ја завери титулата за сезоната 2025/26.

ВИДЕО: ГОЛ ОД СЛОБОДЕН УДАР

Тимот предводен од тренерот Жорж Жесус успеа да ја сочува предноста од два бода пред големиот ривал Ал-Хилал, чија победа од 1:0 над Ал-Фајха на крајот немаше никакво значење во трката за титулата. За Ал-Наср ова е 11-та шампионска круна во клупската историја и прва откако Роналдо пристигна во клубот во јануари 2023 година.

ВИДЕО: ГОЛ ОД ИГРА

Фудбалерите на Ал-Наср влегоа под голем притисок во решавачкиот натпревар, особено по ремито 1:1 против Ал-Хилал минатата недела, кога бразилскиот голман Бенто направи кобна грешка во судиското продолжение, како и по шокантниот пораз од 1:0 од јапонска Гамба Осака во финалето на АФК Лигата на шампионите 2.

Сепак, на преполниот стадион „Кинг Сауд Универзити“, Ал-Наср одигра сигурен натпревар. Садио Мане го отвори резултатот во 35-та минута со удар со глава, а веднаш по паузата Кингсли Коман зголеми на 2:0 по одлична акција. Дамак накратко се врати во игра преку пеналот на Морлае Сила, но завршницата целосно му припадна на Роналдо.

Португалската суперѕвезда постигна два гола за конечни 4:1. Најпрво погоди од слободен удар од тежок агол, а потоа со силен удар од непосредна близина го постави конечниот резултат и ја почна големата шампионска прослава.

Со двата нови гола, Роналдо стигна до бројката од 973 погодоци во професионалната кариера и продолжи да се доближува до магичната граница од 1.000 голови. Воедно, оваа титула стави крај на неговиот петгодишен пост без голем клупски трофеј, бидејќи последната значајна титула ја освои со Јувентус во Купот на Италија во 2021 година.

Роналдо, кој кариерата ја почна во Спортинг Лисабон, сега зад своето име има шампионски титули во Португалија, Англија со Манчестер Јунајтед, Шпанија со Реал Мадрид, Италија со Јувентус и сега во Саудиска Арабија со Ал-Наср.

Ал-Наср сезоната ја заврши со 28 победи, 2 нерешени натпревари и 4 порази во 34 одиграни кола, освојувајќи вкупно 86 бодови. За Роналдо ова е идеална увертира пред Светско првенство во фудбал 2026, каде што со репрезентацијата на Португалија ќе го забележи својот рекорден шести настап на Мундијалите.

ВИДЕО: ПРОСЛАВА НА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА

Share
Scroll to Top