(Видео) Манасиевски: Дали Филипче е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори бугарската министерка Петрова Чамова

(Видео) Манасиевски: Дали Филипче е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори бугарската министерка Петрова Чамова

пред 2 часа

Филипче е најголем промотор на бугарските позиции во Скопје. Филипче и СДС, ден денес имаат ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени токму од Румен Радев, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и СДС имаат ист став со бугарските власти дека ние сме „северномакедонци’’, дека Гоце Делчев е Бугарин, но кога ќе се дојде до темата уставни измени, тука Бугарија вели јасно и гласно дека тоа не е последниот чекор на Македонија кој треба да го испорача за да стане дел од европското семејство, додека уценетиот Филипче од негови познати причини ги лаже граѓаните дека ова е последниот чекор и дека утре дента ќе станеме дел од ЕУ“.

Како што додаде, Филипче и СДС кои немаат никаква визија, програма и концепт за тоа како треба да се води партија, а камо ли држава, одат со главата во ѕид и се ставаат на услуга на бугарските власти мислејќи дека со удоволување на нивните барања ќе дојдат на власт.

„Наместо да повикува Филипче на обединување за промена на Устав со цел внесување на Бугарите, може еднаш барем да застане на страната на Македонија, на македонската страна и да се приклучи на ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на македонските интереси.

Интересно е што оваа теза за поврзаност на Филипче со бугарските власти, се потврдува откако јасно говоревме дека чуварот на фотелјата на Заев, Венко Филипче е директно уценет од страна на бугарски политичари за да ги шири и спроведува нивните политики во Македонија“.

Филипче,вели Манасиевски, должи одговор, дали е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори отворено бугарската министерка Петрова Чамова.

„Доколку Венко Филипче го избегне ова директно прашање и не одговори, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ повторно е во право за неговите соработувања со бугарските власти“.

Текстот (Видео) Манасиевски: Дали Филипче е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори бугарската министерка Петрова Чамова е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top