Лукашенко: Не реагирам на брборењата од Киев

Лукашенко: Не реагирам на брборењата од Киев

пред 6 часа

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека не реагира на, како што рече, брборењата што доаѓаат од Киев, вклучително и изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави РИА Новости, повикувајќи се на видео објавено на Телеграм каналот „Пул Первого“.

„Не реагирам на никаков начин на брборењата што доаѓаат од Киев, вклучително и на Зеленски. Во овој случај, се обидувам да сочувствувам со него. Војната е во тек, сè може да се случи. Човекот е под сериозен притисок и, за жал, не сака да извлекува заклучоци или да ја анализира ситуацијата“, рече Лукашенко.

Тој со тоа одговори на тврдењата од Киев дека Москва би можела да го вклучи Минск во конфликтот во Украина. Лукашенко го повтори ставот дека Белорусија нема намера да влезе во војната, но нагласи дека тоа може да се промени само во случај на директна агресија на белоруска територија.

Според него, Минск ќе продолжи да се води од сопствените безбедносни проценки и нема да реагира на политички изјави што, според него, доаѓаат од Киев под притисок на воени околности.

Лукашенко постојано нагласуваше дека Белорусија нема да дозволи да биде вовлечена во конфликтот освен ако нејзината територија не биде нападната, велејќи дека одговорот на Минск ќе зависи исклучиво од безбедносната состојба на границите на земјата.

Текстот Лукашенко: Не реагирам на брборењата од Киев е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top