Ле Пен најави повлекување на Франција од воената команда на НАТО ако победи на изборите

Ле Пен најави повлекување на Франција од воената команда на НАТО ако победи на изборите

пред 2 часа

Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, изјави дека доколку биде избрана за претседателка на изборите следната година (2027), ќе ја повлече Франција од интегрираната воена команда на НАТО. Таа со децении тврди дека оваа структура ја поткопува независноста на Франција и ја зголемува зависноста на Европа од одлуките на САД и претседателот Доналд Трамп.

„Мораме да се повлечеме од интегрираната команда. Треба да останеме во НАТО, но излезот од командната структура не ја спречува соработката со сојузничките сили“, појасни Ле Пен.

Нејзината кандидатура за претседателските избори сепак зависи од одлуката на Апелациониот суд која треба да биде донесена кон крајот на оваа година.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, ваквиот став на Ле Пен го оцени како „неразумен“ и „целосно неодговорен“. Пристигнувајќи на состанокот на НАТО во Шведска, тој нагласи дека во моменти кога Вашингтон ја преиспитува својата улога во Европа, партнерите мора да го „европеизираат НАТО“ и да ги засилат сопствените капацитети.

Според Баро, евентуалното повлекување на Франција во овој момент од сојузниците кои се изложени на руска агресија би било доживеано како чист чин на предавство.

Текстот Ле Пен најави повлекување на Франција од воената команда на НАТО ако победи на изборите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top