Земјотрес со јачина од 3,5 степени почувствуван во Скопје

Земјотрес со јачина од 3,5 степени почувствуван во Скопје

пред 3 часа

EMSC попладнево првично објави информација за земјотрес во североисточниот дел на Македонија, во близина на Куманово.

Според прелиминарните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот бил регистриран околу 17:41 часот по локално време, на околу 10 километри североисточно од Куманово.

Во моментот на првата објава магнитудата сè уште не била утврдена, по што подоцна беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала. Граѓани од Скопје, Куманово и околните места на социјалните мрежи наведуваат дека почувствувале кратко, но силно тресење.

Текстот Земјотрес со јачина од 3,5 степени почувствуван во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top