Подобар од Артета и Гвардиола – Лампард тренер на годината во Англија

Подобар од Артета и Гвардиола – Лампард тренер на годината во Англија

пред 4 часа

Поранешниот ас на Челзи и Англија, Френк Лампард, е прогласен за менаџер на годината од страна на Здружението на менаџери на лигата (LMA), откако го врати Ковентри Сити во Премиер лигата за прв пат од сезоната 2000/2001.

„Небесно сините“ на Лампард ја освоија Чемпионшип лигата со дури 11 бода предност пред Ипсвич Таун и се вратија во елитата по 25 години.

Престижната награда, позната како наградата „Сер Алекс Фергусон“, му ја додели селекторот на Англија, Томас Тухел.

Наградата е именувана по легендарниот тренер Алекс Фергусон, а победникот го одлучуваат тренери од сите професионални лиги во Англија.

Тухел, исто така, го прочита писмото на Фергусон до Лампард за време на церемонијата.

„Вашиот Ковентри игра одличен фудбал со самодоверба и верба. Уживав гледајќи ве. Среќно во Премиер лигата следната сезона.“

Во конкуренција за наградата беа тренерот на Арсенал, Микел Артета, кој им ја донесе првата титула на „топџиите“ по 22 години и беше прогласен за тренер на годината во Премиер лигата, потоа Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, како и Унаи Емери, Андони Ираола и други.

Сепак, најголемата награда заврши во рацете на Лампард, за кого ова е најзначајната индивидуална награда во неговата тренерска кариера.

Во текот на кариерата, Лампард ги водеше Дерби Каунти, Евертон и двапати Челзи.

Со Дерби во 2019 година, тој стигна до финалето на плејофот за влез во Премиер лигата, но не успеа да избори промоција.

Потоа, тој го презеде Челзи, каде што помина 13 години како играч и стана легенда на клубот, но беше заменет во 2021 година. Подоцна се врати накратко како привремен тренер.

Имаше и турбулентен мандат во Евертон, успеа да преживее, но набрзо беше отпуштен.

Затоа успехот со Ковентри со уште поголем.

Тимот на Лампард беше најефикасен во Чемпионшип со дури 97 постигнати голови на 46 натпревари.

Во исто време, Ковентри ја имаше најдобрата одбрана во лигата, што беше клучно за доминантна сезона и пласман во Премиер лигата.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top