Рама: Ќе направиме сè што е потребно за да станеме членка на ЕУ

Рама: Ќе направиме сè што е потребно за да станеме членка на ЕУ

пред 3 часа

Албанија ќе направи сè што е потребно за да стане членка на ЕУ, дури и ако цената на пристапувањето кон Унијата е привремено суспендирање на нашето право на вето за време на пробен период, изјави албанскиот премиер Еди Рама на средбата со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.

„Ја поддржувам експанзијата и креативните и иновативните решенија затоа што Европа има војна што треба да ја води на своја почва“, рече Рама на средбата со Марта Кос, пренесува „Еурактив“.

Владите на ЕУ разговараат за план за суспендирање на правото на вето за нови членки за прашања од надворешната политика, како што се санкциите против Русија и други одлуки што бараат едногласни одлуки од земјите-членки, пренесува Танјуг.

„Нема да се откажеме, што и да е потребно за влез во ЕУ“, рече Рама и додаде дека е опуштен во врска со привременото ограничување на правото на вето на Албанија затоа што официјална Тирана отсекогаш била 100 проценти усогласена со надворешната политика на ЕУ.

Тој ја отфрли идејата дека ЕУ треба да се реформира пред да се прошири кон нови земји-членки.

Текстот Рама: Ќе направиме сè што е потребно за да станеме членка на ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top