Адам Сендлер повторно хит на интернет: На премиерата на филмот на сопругата се појави во тренерки на Њујорк Никс

Адам Сендлер повторно хит на интернет: На премиерата на филмот на сопругата се појави во тренерки на Њујорк Никс

пред 4 часа

Холивудскиот актер Адам Сендлер повторно предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, откако се појави во своето препознатливо лежерно издание на премиерата на новиот филм „Office Romance“, во кој глуми неговата сопруга Џеки Сендлер.

Додека Џеки блескаше на црвениот тепих во елегантен црн мини фустан од „Скиапарели“ и високи потпетици, Адам Сендлер се појави во сини тренерки и портокалов дуксер на Њујорк Никс, со што уште еднаш остана верен на својот препознатлив стил.

Актерот избрал дуксер вреден околу 150 долари, како поддршка за својот омилен НБА тим Њујорк Никс, кој неодамна го победи Кливленд и се пласираше во НБА финалето.

Фотографиите од премиерата брзо станаа вирални на „Редит“ и другите социјални мрежи, каде многумина го критикуваа неговиот ултра лежерен изглед за ваков свечен настан.

„Едно е кога промовира свои проекти, но за премиерата на филмот на сопругата можеше барем кошула и панталони да облече“, напишал еден корисник.

Друг коментар гласел: „Ова веќе му стана заштитен знак.“

Сепак, дел од фановите застанаа во негова одбрана, шегувајќи се дека за Адам Сендлер ова е практично свечен стил.

„Боите на дуксерот и тренерките се совпаѓаат – тоа веќе е вложен труд“, напишал еден корисник.

Иако неговиот опуштен моден стил одамна е познат во јавноста, Сендлер понекогаш знае да се појави и во елегантни комбинации, како што беше случајот на јубилејниот настан „SNL 50“.

Минатата година тој намерно се пошегува со својот имиџ и на Оскарите, кога влезе во воведниот монолог на Конан О’Брајан облечен во дуксер и кошаркарски шорцеви.

„Изгледаш како човек што игра видео покер во 2 часот по полноќ“, се пошегува тогаш О’Брајан.

Неговата блиска колешка Џенифер Анистон исто така претходно јавно го „искара“ за неговиот стил на премиерата на „Murder Mystery 2“ во 2023 година.

Додека Анистон носеше гламурозен мини фустан од „Версаче“, Сендлер се појави во бел дуксер на Никс, хавајска кошула и каки панталони.

„Што по ѓаволите правиш?!“, му рекла Анистон кога го видела на црвениот тепих.

Но, судејќи според реакциите и годините наназад, Адам Сендлер очигледно нема намера да го менува својот препознатлив стил.

Share
Scroll to Top