(Видео) На Синер му се слоши кога сервираше за победа – Серундоло приореди сензација на Ролан Гарос

(Видео) На Синер му се слоши кога сервираше за победа – Серундоло приореди сензација на Ролан Гарос

пред 4 часа

Хуан Мануел Серундоло, искористи проблемите на Јаник Синер и избори сензационален пласман во третото коло на Ролан Гарос. Помладиот брат на Франциско Серундоло победи со 3:2 (3:6, 2:6, 7:5, 6:1, 6:1).

Првите два сета, на теренот „Сузан Ленгле“, минаа во целосна доминација на Синер, првиот светски рекот лесно дојде до водство од 2:0. Во исто темпо, Италијанецот продолжи и во третиот сет, на 5:1 сервираше за победа, кога нешто му се случи. Побара медицински тај-аут, но тоа не му помогна.

Проблемите на Синер, Серундоло максимално ги искористи, освои шест гема и намали на 2:1.

Нов медицински тајм-аут, Синер искористи во паузата меѓу третиот и четвртиот сет. Десет минути се задржа во соблекувалната. Се врати на теренот, со видливи проблеми, тешко се движеше, довиваше нагони за повраќање.

Аргентинецот сето тоа го искористи и во четвртиот и петтиот сет му препушти само два гема на противникот.

За Серундоло ова беше прва победа над играч од топ 10. Во третото коло ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Вито Коприва и Мартин Ландалузе.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top