Трајчулевски: Во ВМРО има две струи – едната е за избори следната година, а другата е за октомври

Трајчулевски: Во ВМРО има две струи – едната е за избори следната година, а другата е за октомври

пред 6 часа

Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница за пратенички прашања постави прашање до министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во кое побара одговор дали постои сценарио кое се тестира во Брисел за формирање на техничка влада на чие чело би застанал министерот, со цел да се спроведат уставните измени.

„Почитуван министер за надворешни работи, во кулоарите гласно се зборува дека во ВМРО постојат две струи кои имаат различни стојалишта по прашањето кога да се оди на предвремени избори. Едната група е за април 2027 година, а другата во која наводно и вие припаѓате е за брзи избори во октомври, ноември оваа година. Има различни мотиви за брзи предвремени избори. Она што вие го гледате како шеф на дипломатијата е дека опциите за санирање на буџетските приливи од европските земји е врзано со нашиот евроинтегративен пат. Се разбира, тука мора да се заштити и ликот и делото на најголемиот патриот Мицкоски“, рече Трајчулевски.

Затоа, додаде тој, моето прашање до вас е дали постои сценарио кое вие го тестирате во Брисел за техничка влада на чие чело би застанале вие, да ги протурка и уставните измени со внесување на Бугарите во Уставот после организирањето на предвремени парламентарни избори оваа година?

„Затоа и не ја укинавте техничката влада од овие парламентарни избори“, рече Трајчулески.

Текстот Трајчулевски: Во ВМРО има две струи – едната е за избори следната година, а другата е за октомври е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top