Битола дише за Пелистер: Коњановски со мотивирачка порака пред најважниот натпревар

Битола дише за Пелистер: Коњановски со мотивирачка порака пред најважниот натпревар

пред 3 часа

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот и секретарот на општината, даде поддршка за фудбалерите на ФК „Пелистер“ пред претстојниот бараж натпревар за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Како што истакна Коњановски, станува збор за еден од најважните натпревари во сезоната, во кој битолскиот клуб ќе се соочи со екипата на Шкендија Арачиново во Кавадарци.

Тој упати повик до навивачите, спортските работници и љубителите на фудбалот да се обединат и да им дадат силна поддршка на фудбалерите.

„Ги повикуваме сите заедно да бидеме поддршка на нашите фудбалери на најважниот натпревар оваа сезона. Сезоната не беше совршена, имаше и падови, но тие никогаш не се откажаа, како што не се откажавме ни ние“, порача Коњановски.

Тој додаде дека во недела е време за обединување и за заедничка борба за победа.

„Само еден тим, само еден град, само Пелистер, само Битола“, истакна градоначалникот на Битола.

Share
Scroll to Top