(Видео) Кремљ: Француското запленување на нашиот танкер се граничи со пиратство

(Видео) Кремљ: Француското запленување на нашиот танкер се граничи со пиратство

пред 4 недели

Кремљ соопшти дека го смета француското запленување на танкерот за нафта „Тагор“ за нелегално и дека е на граница на пиратство.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите дека Русија ќе преземе мерки за да ја осигури безбедноста на товарот на бродот како одговор на инцидентот.

Покрената е кривична истрага
Капетанот на танкер за нафта под европски санкции, кој беше запленет вчера во средниот Атлантик „постојано одбиваше да ги почитува наредбите на француската морнарица“, соопшти обвинителството на Брест, додавајќи дека „преземањето контрола врз бродот беше неопходно“.

Капетанот се претстави како руски државјанин, потврди обвинителот на Брест, Стефан Келенбергер, во соопштение за медиумите.

Обвинителството објави започнување кривична истрага за „недоставување докази за националноста на бродот“, „непоставување на знамето“ и „одбивање да се почитува законска наредба“.

Текстот (Видео) Кремљ: Француското запленување на нашиот танкер се граничи со пиратство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top