Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот

Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот

пред 3 часа

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“.

Во своето обраќање, Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните прашања и за изнаоѓање конкретни решенија за енергетската транзиција.

„Климатските промени веќе ги чувствуваме преку суши, пожари, топлотни бранови и зголемена енергетска неизвесност. Затоа денес не зборуваме само за стратегии, туку за безбедност, стабилност и квалитет на животот на граѓаните“, порача министерот.

Тој нагласи дека Северна Македонија останува силно посветена на Зелената агенда и европските климатски цели, но дека нивното исполнување бара соработка, инвестиции и заедничка акција. Според него, MEF има посебна важност бидејќи создава простор за регионална соработка со конкретни проекти.

„Време е Западен Балкан да не биде само дел од разговорите за климатската иднина, туку и активен учесник во решенијата. Потребни се храбри и одговорни одлуки, претворање на политиките во инвестиции и остварување на визијата за зелена транзиција во реалност што ќе ја почувствуваат сите граѓани“, истакна министерот.

На крајот од обраќањето, министерот изрази уверување дека препораките од овогодинешниот Форум ќе дадат значаен придонес кон глобалната климатска агенда и процесот на подготовка на COP31.

Текстот Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top