Се очекува поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, кој стана еден од најгласните критичари на републиканскиот претседател, да се изјасни за виновен за злоупотреба на класифицирани документи, објави CNN, повикувајќи се на три извори запознаени со ова прашање.
Болтон има намера да се изјасни за виновен по едно обвинение за нелегално задржување документи важни за националната безбедност и се согласи да плати казна од повеќе од 2 милиони долари, објави CNN.
Според судските документи, Болтон треба да се појави на суд на 26 јуни за повторно да се изјасни за виновен во случајот. Кога првпат беше изведен на суд во октомври 2025 година, тој се изјасни за невин.
Болтон беше советник за национална безбедност во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп, пред да стане еден од неговите најгласни критичари. Поранешниот амбасадор на САД во Обединетите нации го опиша Трамп како несоодветен за претседател во мемоарите што ги објави во 2024 година.
Во обвинението против Болтон се тврди дека тој споделил чувствителни информации со двајца свои роднини со цел да напише книга, вклучувајќи белешки за разузнавачки брифинзи и состаноци со високи владини претставници и странски лидери.
фото/Depositphotos_
Текстот Поранешниот советник на Трамп, кој го нарече некомпетентен, ќе се изјасни за виновен е превземен од МАКФАКС.





