Зверев доминантно до финалето на Ролан Гарос

Зверев доминантно до финалето на Ролан Гарос

пред 4 часа

Саша Зверев, е првиот финалист на Ролан Гарос во 2026 година. Зверев го победи Јакуб Меншик со 3-1.

Германецот славеше по три часа игра во Париз со 7:5, 6:2, 3:6, 6:3 и за првата титула на најголемите турнири ќе се бори против Коболи или Арналди.

Зверев досега три пати играл финале и никогаш не успеал да освои Гренд слем титулата. Беше поразен од Доминик Тим во 2020 година на Ју-ес опен, од Карлос Алкараз на Ролан Гарос во 2024 година и од Јаник Синер минатата година на Австтралија опен.

Прашање е како ќе се снајде во Париз, но јасно е дека е голем фаворит.

Што се однесува до полуфиналето, Меншик се потруди и веднаш во првиот сет се обиде да го изненади фаворизираниот Германец, но Зверев не го дозволи тоа.

Клучниот момент беше брејкот во 11-от гем со кој стигна до 6:5, а потоа по 66 минути го доби првиот сет.

Вториот сет го доби со 6:2, многу убедливо, а потоа во третиот сет му дозволи на Меншик да се закани. Ова е само втор сет што Зверев го загуби на Ролан Гарос во 2026 година…

Во четвртиот сет, слично како и во првиот, Зверев го диктираше темпото и стигна до своето четврто финале на Гренд слем во кариерата без поголеми проблеми.

foto/ EPA

Share
Scroll to Top