(Видео) Зеленски му одговори на Путин: Русија повторно избира војна

(Видео) Зеленски му одговори на Путин: Русија повторно избира војна

пред 2 часа

Откако Владимир Путин изјави во Санкт Петербург дека не гледа смисла во средбата со Володимир Зеленски, украинскиот претседател одговори.

Зеленски на Телеграм рече дека таков став значи дека Русија „повторно избира војна“ и ја нарече реакцијата на Путин „слаба“.

„Тој едноставно не сака да ја заврши војната“, додаде Зеленски, тврдејќи дека Путин „не сака ништо да промени и не сака да признае дека само нему и на оние што извлекуваат пари од него им се допаѓа неговата војна“.

Украинскиот претседател потоа рече дека сите што го поддржуваат Путин се смеат денес во Санкт Петербург, од што заклучи дека тоа значи дека треба да има помалку пари, а поголем притисок во Русија.

Текстот (Видео) Зеленски му одговори на Путин: Русија повторно избира војна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top