Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оди во еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина. Ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ, најави неговата ПР – служба.
Посетата се реализира на покана на министерот Конаковиќ, а двјцата министри ќе разговараат билатералните односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес.
На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија, а ПР – службата на министерот извести и дека ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија.
Текстот Муцунски утре во Босна, со колегата Елмедин Конаковиќ ќе разговара за европската перспектива на регионот е превземен од МАКФАКС.






