Под покровителство на општина Ѓорче Петров, а во организација на ЕФЗ „Седум Осмини“, на 10 јуни 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров, за првпат ќе се одржи „Полуматурска парада 2026“.
Овој настан има за цел да ги обедини полуматурантите од шесте основни училишта на територијата на општината и на достоинствен, радосен и свечен начин да го одбележи нивниот значаен образовен чекор, велат од Општината.
Програмата ќе биде исполнета со зурли и тапани, македонски народни ора, дружење, позитивна енергија, како и доделување награди за ученици и наставници кои со својот труд, посветеност и резултати дале особен придонес во воспитно-образовниот процес.
„Полуматурската парада“ претставува прослава на младоста, успехот, традицијата и заедништвото. Преку овој настан, Општина Ѓорче Петров испраќа силна порака дека младите се најголемата вредност и најважната инвестиција во иднината на локалната заедница.
Општина Ѓорче Петров ги поканува родителите, наставниците, учениците и сите сограѓани да присуствуваат на настанот и заеднички да им дадат поддршка на полуматурантите.
Текстот Прва полуматурска парада во Ѓорче Петров – „Еден ден, шест училишта, една гордост“ е превземен од МАКФАКС.





