Гросо нов тренер на Фиорентина

Гросо нов тренер на Фиорентина

пред 3 часа

Фабио Гросо е новиот тренер на Фиорентина, објави денес клубот од Фиренца.

Во соопштението за медиумите се наведува дека Гросо потпишал договор со Фиорентина до 30 јуни 2028 година.

Тој го замени Паоло Ваноли, кој ја напушти Фиорентина пред три дена. Гросо (48) го тренираше Сасуоло во претходните две сезони, а пред тоа ги водеше Олимпик Лион, Фрозиноне, Сион, Бреша, Верона и Бари.

Фудбалерите на Фиорентина ја завршија сезоната во Серија А на 15-то место на табелата.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top