ВЛЕН: Голем чекор за транспортниот сектор - по повеќе од една деценија обновен дијалогот со Турција

ВЛЕН: Голем чекор за транспортниот сектор – по повеќе од една деценија обновен дијалогот со Турција

пред 4 часа

Економскиот развој на Северна Македонија е тесно поврзан со продлабочувањето на стратешките партнерства и конкретната соработка со пријателските земји, порачаа од ВЛЕН.

Оттаму информираат дека по повеќе од 12 години Северна Македонија и Турција повторно го активирале високиот дијалог за патен транспорт, што се оценува како значаен чекор за зајакнување на економската и институционалната соработка меѓу двете држави.

Во Скопје, заменик-министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи остварила средба со заменик-министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Дурмуш Унувар, при што бил потпишан нов протокол за патен транспорт.

Со новиот протокол е договорено зголемување на квотите за дозволи за меѓународен превоз на стока, како и обезбедување дополнителни дозволи за 2026 година.

Според ВЛЕН, овие мерки ќе донесат директно олеснување за превозниците, ќе придонесат за зголемување на транспортот на стоки и ќе ја интензивираат трговската размена меѓу Северна Македонија и Турција.

Од коалицијата истакнуваат дека стратешките партнерства не претставуваат само дипломатска активност, туку конкретен инструмент за економски развој, отворање нови можности за бизнис-заедницата и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Share
Scroll to Top