Уапсени 17 возачи, 14 од нив возеле без возачка дозвола

Уапсени 17 возачи, 14 од нив возеле без возачка дозвола

пред 8 часа

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило.

14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол.

Шест лица во Скопје (двајца малолетници), четири лица во Тетово (тројца малолетници) и по едно лице во Куманово, Велес, Охрид и Прилеп возеле без возачка дозвола.

По еден возач во Куманово, Македонска Каменица и Скопје управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Скопје, претходно со возилото „форд“ кое го управувал удрил во паркирано возило „форд“, при што била причинета само материјална штета. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.

Текстот Уапсени 17 возачи, 14 од нив возеле без возачка дозвола е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top