Околу 60 ученици отстранети од државната матура поради препишување, Јаневска со оценка дека испитот поминал во најдобар ред

Околу 60 ученици отстранети од државната матура поради препишување, Јаневска со оценка дека испитот поминал во најдобар ред

пред 5 часа

Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека годинашната државна матура поминала во најдобар ред, со значително намален број случаи на препишување во споредба со претходните години.

Според неа, организацијата на испитите била на високо ниво, а најголемиот дел од полагањата се одвивале во големи простори, што ја намалило можноста за нелегални дејствија.

Таа информираше дека од двата испитни термина биле отстранети околу 60 ученици кои биле фатени при препишување и веднаш биле исклучени од полагањето.

Јаневска додаде дека овие ученици ќе имаат можност повторно да полагаат во следниот испитен рок, кој ќе се одржи во август.

Текстот Околу 60 ученици отстранети од државната матура поради препишување, Јаневска со оценка дека испитот поминал во најдобар ред е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top