Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ пред свадба од соништата: Моминска забава во Марбеља, приватен авион и фустан од 2.500 евра

Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ пред свадба од соништата: Моминска забава во Марбеља, приватен авион и фустан од 2.500 евра

пред 3 часа

Една од најуспешните и највлијателни српски инфлуенсерки, Тамара Калиниќ, го привлекува вниманието на јавноста со секој свој чекор, а овој пат во центарот на вниманието е нејзината раскошна моминска забава организирана пред свадбата со италијанскиот моден моќник Филипо Теста.

Калиниќ, која важи за една од најпознатите модни инфлуенсерки на Балканот и пошироко, ги почести своите следбеници со фотографии и видеа од прославата што се одржа во луксузната шпанска дестинација Марбеља.

За ова специјално патување Тамара пристигнала во Марбеља со приватен авион, а целата организација била во знакот на гламурот, луксузот и модата.

Главната ѕвезда на вечерта била токму идната невеста, која избрала впечатлив бел фустан украсен со светки и елегантен невестински вел. Според објавите на социјалните мрежи, станува збор за креација од познатиот бренд Clio Peppiatt, чии модели достигнуваат цена од околу 2.500 евра.

„Невестата пристигна“, напиша Тамара покрај фотографиите кои веднаш собраа илјадници лајкови и коментари.

Тамара и Филипо Теста се заедно речиси пет години, а својата свршувачка ја објавија во 2023 година.

Интересно е што нивната врска започнала како деловна соработка во светот на модата, а со текот на времето прераснала во љубовна приказна. Во повеќе интервјуа Калиниќ открила дека токму скромноста и карактерот на Филипо биле причината поради која таа решила да го направи првиот чекор.

Кој е Филипо Теста?

Филипо Теста важи за едно од највлијателните имиња во модната индустрија. Со години работи со некои од најголемите светски модни брендови и важи за човек со огромно влијание во светот на високата мода и луксузот.

Токму затоа нивната свадба веќе се најавува како еден од најгламурозните настани во светот на инфлуенсерите и модата оваа година.

Тамара Калиниќ е родена во Србија, а светска популарност стекна преку својот блог и социјалните мрежи. Иако по професија е фармацевт, таа успеа да изгради импресивна кариера во модната индустрија и денес соработува со најпрестижните светски брендови.

Со милиони следбеници на Инстаграм и Јутјуб, таа е редовен гостин на модните недели во Париз, Милано, Лондон и Њујорк и важи за една од највлијателните модни инфлуенсерки од овој дел на Европа.

Share
Scroll to Top