Ремито на Португалија со ДР Конго ја отвори долгогодишна дилема кај Португалците, како понатаму со или без Кристијано Роналдо?
Кристијано, официјално најстариот играч (не голман) кој играл во почетниот состав во историјата на светските првенства, не му помогна на својот тим да ја прескокне првата пречка на Светското првенство. Ветеранот не придонесе со нбишто во играта.
Роналдо беше речиси бескорисен против Конго. Со физички беспрекорно подготвен ривал, му беше тешко да се најде во позиција директно да го загрози голот. Единствениот пат кога можеше директно да придонесе, неговото его се испречи. Во ситуација што „мирисаше“ на гол, наместо да му ја додаде топката на Бруно Фернандеш, тој сакаше самиот да ја заврши акцијата – и промаши.
Ситуацијата во која Роналдо му ја одзеде шансата на својот тим да постигне гол беше анализирана од Тиери Анри по натпреварот со една важна забелешка:
„Едно е важно… Луѓе, обрнете внимание: тимот мора да постигне гол, а не ти. Ќе објаснам сега… Бидејќи тој сака да постигне гол, тој оди по таа топка. Видовте двајца играчи во подобра позиција… Тоа е суштината. Тимот мора да постигне гол, а не ти. Ја видовте реакцијата на Бруно Фернандеш, како да сакаше да му каже: „трчај, отвори простор, за да можам да ја сместам топакта во мрежата“, објасни Анри ситуацијата во која Португалија пропушти одлична шанса поради себичноста на Роналдо.
Really good analysis from Henry. This is the Ronaldo issue right now.
He's playing as a 9, but he's never been a 9 and he's not acting as a 9. Not giving Portugal those traits and it hurt them today. pic.twitter.com/yjSaOK2J5J
— Marc Geschwind (@MarcGeschwind) June 17, 2026
И додека добар дел од фудбалската јавност го гледа Роналдо како проблем на Португалија, тренерот Мартинез не сака да ја бара причината за неуспехот во еден играч.
„По првиот гол, не стигнавме до последната третина на нивото што ни беше потребно за да му служиме на напаѓачот (Роналдо) и да го искористиме неговото движење. Значи, постојат аспекти што треба да ги подобриме. Станува збор за подобро искористување на сите играчи на теренот. Напаѓачот мора да остане блиску до голот, но ние мора да најдеме простор и да ја фрламе топката на тие позиции“, рече Мартинез.
Foto/ Depositphotos






