Коњановски: ТАВ Македонија застанува зад идните шампиони – нов спонзор на младинскиот погон на ФК Пелистер

Коњановски: ТАВ Македонија застанува зад идните шампиони – нов спонзор на младинскиот погон на ФК Пелистер

пред 5 часа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, соопшти дека ТАВ Македонија станува нов спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер.

Спонзорството има за цел унапредување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери, преку организирање контролни натпревари и учество на домашни и меѓународни турнири во текот на подготвителниот зимски период и натпреварувачката полусезона 2026.

Од ТАВ Македонија истакнаа дека поддршката претставува инвестиција во младите и нивниот развој, нагласувајќи дека од денеска логото на компанијата ќе биде присутно на новите дресови на младинските категории на клубот.

Генералниот директор на компанијата, Неџат Курт, порача дека со ова спонзорство се поддржуваат не само идните професионални фудбалери, туку и повеќе од 400 деца кои тренираат во младинските категории на клубот.

Координаторот на Првата македонска фудбалска школа на Пелистер, Марјан Секуловски, изрази благодарност за поддршката, оценувајќи дека таа ќе придонесе за развој и унапредување на младинските категории.

Со оваа соработка, како што посочи Коњановски, се потврдува значењето на општествената одговорност и поддршката на младинскиот спорт како инвестиција во иднината на Битола и македонскиот фудбал.

Share
Scroll to Top