Јувентус испрати последна понуда до Влаховиќ

Јувентус испрати последна понуда до Влаховиќ

пред 3 часа

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ја доби најновата (воедно и последна) понуда од Јувентус за продолжување на соработката, објавува „Газета дело Спорт“.

Според угледен италијански весник, челниците на торинскиот клуб му испратиле на Влаховиќ конечен предлог за договор во кој се обидуваат да го задржат во своите редови и за следната сезона.

Според истиот извор, Јувентус му понудил на напаѓачот едногодишен договор вреден осум милиони евра по сезона, вклучувајќи бонуси. Сепак, клубот е подготвен да разговара и за двегодишна соработка под слични финансиски услови.

Порано овој месец, Влаховиќ ја отфрли понудата на тогашниот извршен директор Дамиен Комоли, која изнесуваше шест милиони евра годишно. Во меѓувреме, имаше промени во раководството на „старата дама“, Џовани Карневали ја презеде функцијата генерален директор.

Иако Влаховиќ е поврзуван со бројни европски гиганти од почетокот на преодниот рок, ниту еден клуб сè уште не ги исполнил неговите финансиски барања. Токму затоа во Јувентус расте оптимизмот дека 26-годишниот напаѓач би можел да остане во Торино, барем уште една сезона.

Тековниот договор на Душан Влаховиќ истекува на крајот од месецот, што значи дека во отсуство на договор, тој би можел да го напушти клубот без надомест.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top