(Видео) Холандија со петарда ја декласира Шведска

(Видео) Холандија со петарда ја декласира Шведска

пред 57 минути

Репрезентацијата на Холандија ја декласира Шведска со 5:1, во второто коло во Ф групата и со една нога е во нокаут фазата. „Лалињата“ на овој натпревар станаа осмата репрезентација што постигнала најмалку 100 гола на Светските првенства.

Холанѓаните во „првата четвртина“ ја најавија победата, кога џокерот на Роналд Куман, напаѓачот на Сандарленд, Брајан Броби постигна два гола, во шестата и 17-та минута.

Следуваше потоа период на добра игра на Шведска, но голманот Вербруген не им дозволи на Ѓокереш и Ајари да го намалат резултатот.

Конечниот удар, Холандија го зададе во воведните девет минути од второто полувреме, кога два гола, во 48-та и 54-та минута постигна Коди Гакпо. Пет минути подоцна, резервата Ентони Еланга го намали резултатот и тоа беше се што Швеѓаните направија на овој натпревар.

Дуелот потоа влезе во минус фаза, двете селекции го чекаа крајот, а пред да се огласи судијата со својот последен свиреж, Самервил го постигна петтиот гол за Холандија.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top