(Видео) Пукање во Монтреал: напаѓачот убил полицаец

(Видео) Пукање во Монтреал: напаѓачот убил полицаец

пред 3 часа

Канадски полицаец е убиен откако напаѓач отворил оган во Монтреал денес, соопштија официјални лица.

Полициската управа во Монтреал ја потврди смртта на својот полицаец, чиј идентитет сè уште не е објавен, кратко откако пукањето избувнало околу 11:30 часот по локално време во округот Кот де Нез.

Неидентификуваниот осомничен е „неутрализиран“ во меѓувреме, соопшти полицијата.

Канадските медиуми објавуваат дека напаѓачот е убиен, како и уште еден цивил.

Паника на улиците и парковите
Вознемирувачките снимки споделени на социјалните мрежи покажуваат скршен прозорец на висока зграда додека вооружени полицајци брзаат кон местото на настанот.

Други видео материјали покажуваат полициски сили како вршат рација во „Супермарше ПА“, локална продавница за храна во таа населба, додека две лица лежат на земја пред зградата.

„Ги молиме сите граѓани да го избегнуваат овој сектор. Ситуацијата не е под контрола“, изјави Жан-Пјер Брабан, портпарол на полицијата во Монтреал, за време на акцијата, објави „Дејли меил“.

Брендон Елкаим, жител кој живее во близина, изјави за „CTV News“ дека видел родители и деца како панично трчаат од локалниот парк кога се слушнале првите истрели.

Текстот (Видео) Пукање во Монтреал: напаѓачот убил полицаец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top