Енергетската иднина се гради со инвестиции и нови технологии, порача Божиновска

Енергетската иднина се гради со инвестиции и нови технологии, порача Божиновска

пред 3 часа

Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, нашата определба е да градиме стабилен, предвидлив и фер систем – систем кој ќе ги штити интересите на граѓаните, но истовремено ќе биде поттик за нови инвестиции, иновации и развој“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на денешното отворање на изложбата во Националната галерија на Македонија „Чифте амам“, којашто ЕВН Македонија ја организираше по повод 20-годишниот јубилеј од своето постоење.

Честитајќи го јубилејот на ЕВН Македонија, Божиновска потенцираше дека изложбата е приказна за патот што го помина македонската енергетика во изминатите две децении.

„Во изминатите дваесет години, ЕВН Македонија остави значаен белег во развојот на електродистрибутивниот систем, во неговата модернизација, дигитализација и унапредување. Тоа е процес кој не се мери само преку бројки и инвестиции, туку и преку подобриот квалитет на услугите и поголемата сигурност за граѓаните“, рече министерката Божиновска, порачувајќи изложбата да биде инспирација за сè што допрва треба да создадеме.

Министерката потенцира дека енергетиката не е само инфраструктура, туку дел од секојдневниот живот на граѓаните и еден од темелите врз кои се гради современото општество.

„Живееме во време кога енергетиката се менува побрзо од кога било. Зелената транзиција, новите технологии, паметните мрежи и обновливите извори на енергија се предизвици, но и можности што треба заеднички да ги искористиме.

Затоа, искуството од изминатите дваесет години не треба да го гледаме само како повод за гордост, туку и како основа за иднината“, порача Божиновска.

Share
Scroll to Top