(Видео) „Државата не постои, ние сами си ги  бараме своите“: катастрофа во Венецуела, бројот на загинати скокна

(Видео) „Државата не постои, ние сами си ги бараме своите“: катастрофа во Венецуела, бројот на загинати скокна

пред 3 часа

Во Венецуела е прогласена вонредна состојба откако два екстремно силни земјотреси во рок од само неколку секунди го потресоа главниот град Каракас. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, имал јачина од 7,5 степени.

Се бараат 9.000 луѓе

Привремениот претседател прогласи вонредна состојба и зона на катастрофа. Засега има над 30 загинати и 700 повредени. Десетици згради се срушени, според светските агенции.

По силните земјотреси што ја погодија Венецуела, беше лансирана граѓанската платформа „Venezuela Te Busca“, односно „Венецуела ве бара“, чија цел е пронаоѓање на исчезнати лица и повторно обединување на семејствата. За само неколку часа, повеќе од 9.000 луѓе беа пријавени како исчезнати, додека речиси 300 беа пронајдени.

Ситуацијата во венецуелскиот град Ла Гваира е целосно надвор од контрола, основните услуги не постојат, вели локалниот жител Хозе Ролон.

„Ситуацијата е во целосен колапс. Немаме електрична енергија, немаме интернет, немаме вода, немаме услуги“, рече Ролон, додавајќи дека комуникацијата е можна само преку сателитски телефони, кои ги поседува. Тој ги сподели своите впечатоци во интервју за шпанската државна телевизија.

Фото: ЕПА

Текстот (Видео) „Државата не постои, ние сами си ги бараме своите“: катастрофа во Венецуела, бројот на загинати скокна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top