Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетска соработка и дијалог.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека по успешната организација на Четиринаесеттиот меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), земјата продолжува со засилен ангажман во меѓународната енергетска дипломатија.
Таа нагласи дека новиот форум ќе биде посветен на забрзување на зелената транзиција, развојот на обновливите извори на енергија и унапредување на улогата на жените во енергетскиот сектор, како клучни сегменти за идниот енергетски развој.
Според најавите, настанот ќе обедини високи претставници од регионот, меѓународни институции и експерти кои ќе дискутираат за заеднички пристапи кон одржлива енергетска иднина и зајакнување на регионалната соработка






