(Видео) Победничко ѕвонче за Ана на клиниката за детски болести

(Видео) Победничко ѕвонче за Ана на клиниката за детски болести

пред 5 часа

Победничкото ѕвонче повторно заѕвони на Универзитетската клиника за детски болести, овојпат во чест на Ана, која успешно го заврши своето лекување.

За радосната вест информираше Министерството за здравство, од каде посочија дека секое ѕвонење на победничкото ѕвонче е симбол на детската храброст, семејната љубов и посветеноста на здравствените работници.

„Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони — за Ана, нашата мала хероина, која храбро ја помина и ја освои една од најтешките битки“, соопшти Министерството.

Оттаму на Ана ѝ посакаа многу здравје, среќа, насмевки и безгрижно детство.

„Браво, Ана! Твојата победа денес е радост за сите нас“, порачаа од Министерството за здравство.

Текстот (Видео) Победничко ѕвонче за Ана на клиниката за детски болести е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top