Утре сончево и топло со температури до 38 степени

Утре сончево и топло со температури до 38 степени

пред 3 часа

Утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Текстот Утре сончево и топло со температури до 38 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top