(Видео) Шпанија го исфрли Уругвај од СП, Зелено’ртските острови се најголемата сензација на Мундијалот

(Видео) Шпанија го исфрли Уругвај од СП, Зелено’ртските острови се најголемата сензација на Мундијалот

пред 6 часа

Шпанија очекувано, а Зелено’ртските острови сензационално изборија пласман во нокаут фазата на СП. Шпанците ја освоија Х групата со седум, а играчите од малата островска држава во Атланскиот океан второто место. Извисија Уругвајците, кои се враќаат дома, како и Саудиска Арабија.

Шпанија со голот на Алекс Баена во 42-та минута ја обезбеди победата. Голот оди на душа на голманот Муслера.

Во полувремето, селекторот Бјелса го остави Муслера во соблекувалната, а во текот на вториот дел го замени и својот најдобра играч Федерико Валверде.

Шпанија беше подобра во остатокот од натпреварот, а на крајот – во напната завршница – сепак успеа да го зачува триумфот.

Натпреварот беше обележан и со сериозна повреда на репрезентативецот на Уругвај, Мануел Угарте.

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед доживеа ужасна несреќа откако се судри со соиграч кратко по голот на Баена.

Дебитантот на Мундијалите, Зелено’ртските острови, забележа историски резултат, го освои второто место во групата и се пласира во нокаѕт фазата, каде ќе се сретне со бранителот на титулата Аргентина.

Саудијците го отворија натпреварот подобро, но противникот ја презеде контролата и беше подбар натеренот.

Ниедна од екипите не создаде сериозна шанса до полувремето. Овој дел од натпреварот беше обележан со сериозна повреда на дефанзивецот на азискиот тим Хасан Алтамбакти.

Голема заслуга за зачуваната саудиска мрежа му припаѓа на Мохамед Ал-Оваис.

Тој ги одбрани ударите на Џамир Монтеро во 48-та минута, а потоа спречи сигурен гол на Ларос Дуарте во 75-та минута. Во втората минута од судиското продолжение во второто полувреме, Саудиска Арабија имаше одлична можност – за победа, второ место и пласман во нокаут фазата. Ал-Хамдан шутираше, а Возиња одбрани.

Share
Scroll to Top