Активни два пожари кај Трубарево и Опаје, во Велес е изгаснат

Активни два пожари кај Трубарево и Опаје, во Велес е изгаснат

пред 2 часа

Три пожари на отворен простор се евидентирани до 14 часот денеска, два од нив се сѐ уште активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито.

Изгаснатиот пожар бил на подрачјето на општина Велес. На улицата „Димко Најдов“ опожарена била ниска вегетација.

Текстот Активни два пожари кај Трубарево и Опаје, во Велес е изгаснат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top