Тајлор Свифт и Тревис Келси ја преместија свадбата поради безбедносни причини: Наместо Род Ајленд, ќе се венчаат во Њујорк

Тајлор Свифт и Тревис Келси ја преместија свадбата поради безбедносни причини: Наместо Род Ајленд, ќе се венчаат во Њујорк

пред 3 часа

Поп-ѕвездата Тајлор Свифт и НФЛ ѕвездата Тревис Келси ги промениле плановите за својата долгоочекувана свадба, откако од безбедносни причини се откажале од церемонијата во Род Ајленд и решиле таа да се одржи во Њујорк.

Според магазинот Us Weekly, двојката првично сакала да се венча на 13 јуни во луксузниот комплекс „Ocean House“ во Вестерли, Род Ајленд, но проценките на безбедносните служби покажале дека локацијата не може соодветно да се обезбеди.

„Тајлор и Тревис навистина сакаа свадбата да биде во Род Ајленд, но безбедносните проценки покажаа дека настан од такви размери може лесно да излезе од контрола“, открил извор близок до двојката.

Изворот додава дека тимот за обезбедување на пејачката детално ги анализирал сите можни локации пред да биде донесена конечната одлука.

„Главниот проблем беше пристапот до имотот и невозможноста да се воспостави доволно безбеден периметар. Сè беше организирано за Род Ајленд, но бројот на гости постојано растеше и настанот стана многу поголем отколку што првично беше планирано“, наведува истиот извор.

Според ексклузивните информации на Page Six, Тајлор Свифт и Тревис Келси, двајцата на возраст од 36 години, ќе си го кажат судбоносното „да“ на 3 јули во легендарната Madison Square Garden во Њујорк.

„Сите се заколнаа на целосна тајност“, изјавил извор за медиумот.

На листата на гости, според американските медиуми, се наоѓаат голем број светски познати личности, меѓу кои Карли Клос, Зои Кравиц, Ед Ширан, сестрите Хаим, Суки Вотерхаус, Џиџи Хадид и Селена Гомез.

Дополнително, Page Six објави дека музичките легенди Стиви Никс и Тим Мекгроу ќе настапат на свадбената прослава, која многумина веќе ја нарекуваат настан што би можел да биде поголем дури и од Мет Галата.

За дополнително да ја заштитат приватноста и безбедноста на церемонијата, двојката поднела барање за затворање на околните улици околу „Madison Square Garden“, како и дозвола за поставување голем јавен шатор пред арената.

Американските медиуми исто така тврдат дека Тајлор Свифт подготвува повеќе различни венчани комбинации, кои ќе ги менува во текот на прославата, што дополнително ја зголемува возбудата околу еден од најочекуваните настани во светот на шоу-бизнисот.

Share
Scroll to Top