(Видео) Лукашенко се сретна со кинескиот претседател во Пекинг

(Видео) Лукашенко се сретна со кинескиот претседател во Пекинг

пред 3 часа

Белорускиот претседател Александар Лукашенко се сретна со кинескиот лидер Ши Џинпинг во Пекинг во понеделник, објави белорускиот претседателски Телеграм канал Пул Первого, а пренесува Ројтерс.

Односите на историски врв
Ши, според Пул Первого, му рекол на Лукашенко дека односите меѓу Кина и Белорусија се на „историски врв“. „Веќе разговаравме за ова претходно“, одговори Лукашенко, според објавата на Телеграм. „И можеби, на некој начин, за она за што сонувавме во пресрет на оваа глобална соработка меѓу Белорусија и Кина“.

Посета во услови на тензии
Лукашенко пристигна во Кина по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин минатата недела. Средбата доаѓа во услови на зголемени тензии меѓу Белорусија и Украина, чиј претседател Володимир Зеленски верува дека Путин се обидува да го принуди Лукашенко да ја засили својата поддршка за Русија во војната во Украина.

Текстот (Видео) Лукашенко се сретна со кинескиот претседател во Пекинг е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top