Уапсен возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола

Уапсен возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола

пред 15 часа

Полицијата денеска уапси возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола.

Денеска во 11:45 часот на автопатот Куманово-Скопје поточно кај клучка Рафинерија од страна на полициски службеници уапсен е возач на патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки поради основано сомнение дека го управувал возилото со фалсификувана хрватска возачка дозвола.

Против возачот К.А.(21) од Куманово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по член 378 од Кривичниот законик.

„Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Текстот Уапсен возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top