Започнува реализацијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“.
Град Скопје соопшти дека проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот.
„Особено значаен сегмент од инвестицијата е изградбата на нова атмосферска канализација во должина од 1.200 метри, како и одвојувањето на фекалната од атмосферската канализациска мрежа. Со ова ќе се овозможи поефикасно прифаќање и одведување на дождовните води и ќе се намали ризикот од поплавување при обилни врнежи“, велат од Град Скопје.
Паралелно со овој проект, како што се додава, во завршна фаза е и изградбата на новиот мега-парк во Бутел, кој ќе претставува ново зелено и рекреативно катче за граѓаните.
Текстот Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ е превземен од МАКФАКС.






