Португалија, по пресврт и со гол во 94-та минута, ја елиминира Хрватска од Светското првенство. Португалците во Торонто славеа победа со 2:1, херој на победата е новиот напаѓач на Милан, Гонзало Рамош. Постигна Хрватска гол за изедначување во 103-та минута, преку Гвардиол, но истиот ВАР-от го поништи, бидејќи Пашалиќ се активираше од недозволена позиција.
Натпреварот до 68-та минута мина во доминација на Португалија. Хрватска свесно играше повлечено, бидејќи на тој начин лесно се справуваше со нападите на противникот.
Имаше Португалија две шанси во првиот дел преку Бруно Фернандеш, два пати одбрани Ливаковиќ.
Вториот дел започна со гол на Перишиќ во 53-та минута, од првата вистинска акција на Хрватска.
15 минути подоцна, Влашиќ направи наивен пенал врз Ренато Веига. Роналдо изедначи на 1:1.
Следуваше блескав период на Хрватска, два удари од далечина на Ковачиќ и две одбрани на Диого Кошта, а потоа португалскиот голаман го одбрани и ударот на Матановиќ.
Во финишот, кога беа покажани 10 минути надополнување, Портигалија го постигна голот за победа. Фантастичен гол од тешка позиција постигна Гонзало Рамош.
Драмата кулминираше во 103-та минута, кога Гвардиол постигна гол за 2:2, но истиот беше поништен бидејќи Пашалиќ се активираше од недозволена позиција.
Во осминафиналето Португалија ќе игра против европскиот првак Шпанија.
Foto/ EPA






