Мадона искрено за болниот однос со ќерката Лурдес: Новата песна „The Test“ открива години болка, вина и помирување

Мадона искрено за болниот однос со ќерката Лурдес: Новата песна „The Test“ открива години болка, вина и помирување

пред 3 часа

Поп-иконата Мадона на својот нов албум „Confessions II“ отвора една од најличните теми во својата кариера. Во песната „The Test“, која ја изведува заедно со својата најстара ќерка Лурдес „Лола“ Леон, двете искрено пеат за турбулентниот однос што го граделе со години, притисокот од славата и патот кон помирувањето.

Песната, која е 15-та на новиот албум објавен денес, претставува емотивен разговор меѓу мајка и ќерка, во кој Мадона признава дека животот под постојаното внимание на јавноста оставил длабоки последици врз нивниот однос.

Во првиот стих таа ѝ се обраќа на Лурдес со зборовите:

„Мала ѕвездо, се обидов да те ставам на пиедестал. Ти никогаш не побара да живееш под сите тие рефлектори. Не размислував колку тоа може да те вознемири… Посакувам да знаев колкава болка ти предизвикав.“

Во рефренот, мајката и ќерката заедно пеат за тоа како животот во сенката на светската музичка ѕвезда влијаел врз Лурдес.

„Не сме исти, но чекорам по твоите стапки. Понекогаш мислам дека посакуваш да исчезнам, но мојата сенка секогаш останува.“

Во вториот дел од песната, Лурдес возвраќа со емотивна исповед во која зборува за љубовта кон својата мајка и влијанието што таа го имала врз нејзиниот живот.

Неколку дена пред објавувањето на албумот, Лурдес ја најави нивната соработка на Инстаграм, објавувајќи стара фотографија на која како дете ја држи Мадона за рака, придружена со дел од стиховите.

Во неодамнешно интервју за Interview Magazine, Мадона откри дека токму Лурдес ја предложила идејата за оваа песна.

„Таа ми предложи да ја напишеме како начин да го излечиме нашиот однос. Тоа беше многу важен момент и тогаш почувствував дека е вистинско време да го создадам овој албум“, изјави пејачката.

Ова не е првпат нивниот однос јавно да биде тема на разговор. Лурдес уште во 2021 година призна дека мајка ѝ била многу строга и контролирала голем дел од нејзиниот живот.

„Мајка ми е вистински контрол-фрик и ме контролираше цел живот. Морав да станам целосно независна веднаш по завршувањето на средното училиште“, изјави тогаш Лурдес.

Таа откри дека сама си ги плаќала студиите и нагласи дека никогаш не добила финансиски привилегии само затоа што е ќерка на Мадона.

„Не добивам ништо бесплатно во нашето семејство. Но, свесна сум дека пораснав со огромни привилегии затоа што сум нејзина ќерка“, рече таа.

Лурдес е најстарото дете на Мадона и е родена од нејзината врска со фитнес-тренерот Карлос Леон.

Со песната „The Test“, Мадона и Лурдес испраќаат силна порака дека, и покрај болката, недоразбирањата и тежината што ја носи животот под светлата на рефлекторите, искреноста и простувањето можат да бидат почеток на ново поглавје во односот меѓу родител и дете.

Share
Scroll to Top